Таа го дисквалификува туѓото страдање како недостојно за нашето целосно сочувство и ги унижува туѓите емоционални животи зашто немале висока сериозност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Мајка ти везден ми ти мисли на тие што вистина биле големи“ го разобличува еднаш засекогаш сето поетско „Јас“ на Спендер како поза, како мелодраматична изведба.318
Мелодрамата, знаеме, е категорија што обично се применува за туѓото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако поимот „мелодраматичен“ е погрден за туѓите чувства, ако ја поткопува автентичноста на туѓите чувства и им ја одрекува на тие луѓе положбата што е нужна за општествена ополномоштеност и, со тоа, за сериозно разгледување, тоа е затоа што одбива да им ја укаже на нивните страдања аристократската и мажествена достоинственост на трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стихот „Везден мислам на тие што вистина биле големи“ веќе никако не може да се сфати сериозно кога првото лице во стихот ќе се лиши од величието и од патосот ако се преправи во домашна дива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)