често (прил.) - бев (гл.)

Од тие работа му даваше и на попот и така често беше задржуван на ручек или вечера од самиот поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш, на среќа, за време на зимските празници 1965-66.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оттогаш, кога времето ќе дозволеше, се состанувавме еднаш или двапати неделно, освен оние две недели во Кадаквез кога бевме заедно по цел ден. 26 искази за Дишан Историја Останува опасноста дека ќе излезе од торбата во која го ставивме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дишанови и јас често бевме повикувани на исти приеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Чан-Јок, гостоприемлив, куќата чијашто често беше во секое време за сите отворена . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Честите посети го зближија со оваа „изгорена женичка“ и една вечер, кога Трајко не беше дома (а Трајко често беше на колибата при стоката) Толе и Митра се најдоа во една постела!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ГРИНАВЕЈ: Кога филмот се појави, често беше нагласувано дека јас сум само обичен манирист.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Често беше подготвена да ја прифати официјалната митологија, просто затоа што разликата меѓу вистината и фалсификатот за неа немаше никакво значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко внимателно ги слушаше и напати ги одобруваше химеричните тиради на Климент Камилски за книгата и библиотеката, кои често беа преземани од други книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Смислата на зборовите често беше лошо дефинирана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многу често бев тажна и носталгична, ми недостасуваа моите најблиски.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но… Jас и Филип многу често бевме заедно.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Многу често бев свесна што е целта и за што ме подготвува судбината.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бројката на жените секојдневно се менуваше, во зависност од приливот и одливот (тоа беа термините што се користеа во врска со капацитетот на Центарот кој често беше претесен и се бараше начин да се ослободи, за да има проток кој носеше профит).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа често беше сведок на такви ситуации, возачот брзопотезно излегува, го соблекува џемперот, ја поднаместува косата и, со едното око се уште будно следејќи ги бројките на семафорот, влегува во колата, двојно задоволен, ем не му е веќе жешко, ем успеал навреме да се врати на своето место.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И затоа селаните често беа во недоумица: машко ли е или женско?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Многу често беа манијачни депресивци, сексуални манијаци, луѓе со комплекси, па донекаде и луди.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Реков дека јас често бев под дејство на моите нерви и на алкохолот и размислував како да расчистам со директорот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега сум јас на ред, изгледа, а тој тоа едноставно го објаснува со еден единствен збор: пубертет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Паметам дека порано брат ми често беше колеблив пред вакви одлуки и јас не можев да го сфатам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во многу делови на Азија, колонијални граници често беа исцртани врз многу постари политички и религиозни поделби.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)