МАЛИОТ: Јас често сум депресивен и во моменти на крајна меланхоличност и мускулна опуштеност, мускулното млеко ми се засирува што предизвикува драстично истакнување на мојата нерешителност, апатија и пасивност.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Многу често сум несигурна дека тоа што го правам е правилно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Прекрасно! – извика таа. – Чудесно!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу често сум се прашувала дали можеби и таа знае да лета на килим,и каде оди, и со кого? Ѝ го прочитав писмото.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На клупата не седи спокојно, па често сум принуден да го мушнам со колено. никогаш не ми се лути.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Често сум морал да ја мијам и чистам од калта. А еднаш и се расцепи од опинците на Танаса. Тоа ми го скисели и лицево и душава.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Јас, во своето детство, поминато меѓу обични, добри луѓе, често сум можел да го слушнам поздравот: „Добар ден, добри луѓе!“
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Командирот нареди: Стојан, дај ѝ на Милка еден партизан за да не оди сама. Стојан ми викна: Земи кого сакаш.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Десно од мене беше Бошко, од моето село, ја сврте главата, не му беше мило, во вакви случаи често сум го правела истото.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мој дом е мојата библиотека Мошне често сум вклучен во дискусии во врска со иднината на книгата и со темата дали електронските медиуми ќе ја уништат книгата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)