често (прил.) - им (зам.)

Често им се препуштаа на мечтите за бегство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои се жалат само затоа што тоа им станало веќе навика, што сламката често им изгледа како греда, некогаш затоа што желбите се поголеми од можностите...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Мајстор! Има ли нешто поубаво од тоа на светов? - често им говореше тој на другарите од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така Христос е кортолисовач, неатерџија, додека Богородица е ќефилка (од арапскиот збор kefil), свидетел, гарант. Апостолите се чираци божји.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Камилски посебен впечаток ќе му направат и епитетите што често им се придаваат на Исус, Богородица и светците, позајмувајќи зборови од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Сигурно е од возбуда. - Низ шега дофрли Виктор - Ова често им се случува на новосудените младенци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тоа виорење често им се допираа градите а понекогаш и образите и тој ѝ го чувствуваше пламенот на нејзиното воспалено лице, вдишувајќи го одблизу оној нејзин мирис на јасмин кој избиваше од нејзиното тело како дух избеган од шишенце.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Што е најлошо - додаваа други, исплашено и вџашено, на десетина момчиња кои ги паселе овците и козите крај тоа колнато место, многу често им потечувале мадињата, поцрнувале и паѓале како презреани црни сливи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нунета пријателите го признаваа за поет иако тој многу често им говореше за чудни пронајдоци и несфатливи откровенија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Народниот гениј, на инаетчиите често им дава животински особености, па неретко, за некој инаетчија ќе каже дека е магаре, то ест дека се инати како магаре на мост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Игбал не праша од каков вид се тие неволји, туку ми раскажа дека имињата на дрвја, цвеќиња, животни и на птици кај нив многу често им се даваат на луѓето и дека би сакал да може да види како изгледа едно дрво - бреза.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Патниците одвај се спровираа меѓу нив, заглавувајќи во нови стапици додека ја ослободуваа задната нога од старата стапица, па често им остануваше некаде зад нив некој чевол или опинок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
После тоа често им приоѓав близу: прв пат воочив дека златната ларва се разликува; меѓу челустите им го ставав со лак премачканиот нокт што го пуштав да порасне; го посматрав движењето на нивните челусти, краковите на пипалките, главите во форма на череп, линиите што го опашуваат абдоменот и во положбата на оклопот, дури и онака превртен, ја пронајдов жестината на погледот на Гогеновите домородци.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Доктор Гете беше среќен секогаш кога ќе се појавеше неговиот колега доктор Фројд – тогаш долго разговараа, а разговорите често им се претвораа во малечка кавга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас не учествував во нивните дискусии, им ја слушав само бојата на гласовите и интонацијата, гледав во мимиката на нивните лица, ги забележував гестовите што ги правеа со рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сочувствувањето не му било туѓо: на неговото срце му биле достапни голем број добри движења, и покрај тоа што неговиот чин мошне често им попречувал да се пројават.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И оттогаш речиси секој ден му се јавувал пред очи бледиот Акакиј Акакиевич, кој не го издржал укорот на претпоставениот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакајќи Илко да ја види бањата што побргу изградена, често им зборуваше на селаните: - Штом досега не избувна вулканот, нема ни отсега...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)