често (прил.) - ѝ (зам.)

Гледајќи ја таа негова беспомошност, живеејќи постојано во болка и напнатост, често ѝ се случуваше да сонува како и таа ослепела и се будеше исплашена и испаничена: одеше на огледалото да се види и да си ги измие очите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ноќе ја сонував, бледа како Богородица; многу често ѝ ги сонував само колената, колената на Луција, и не ја гледав цела; колената ѝ беа слаби, измачени, и јас само можев да им се восхитувам на тие колена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас те имам видено на фотографија, татко ти ми ја покажа кога беа во Гоа и, верувај ми, сличноста меѓу тебе и Миру е неверојатна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вале е наставник по клавир во Музичкото училиште и ја сметаат за многу строга, оти барала од учениците да свират без грешка, а Мила тврди дека нејзе не само што не ѝ попушта туку со неа е најстрога.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На ист начин често ѝ се обраќав на Миру, зашто понекогаш ми се чинеше дека е мало девојче, а понекогаш голема, возрасна, паметна и зрела девојка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никако не сфаќав зошто тетка Вале често ѝ свикува за време на вежбањето дека греши, кога јас никаква грешка не забележував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На Марша често ѝ се чинеше дека еден ден Марија сосем ќе го задржи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури, многу често ѝ помагаше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доволно беше Сандра несвесно да го допре тоа копче, што често ѝ се случуваше, па да се сети на него и да се возбуди толку многу што да се исплаши дека луѓето знаат што ѝ се случува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Венче сѐ повеќе стануваше тажна, невесела; често ѝ навираа и солзи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Букетот разбуди рој спомени од детството во Солун, кога рано како сираче, вујко ѝ хирург во една солунска клиника, женет со Италијанка, вистинска Signora, често ѝ носеше букети цвеќе на жена си, по разни поводи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се разбира, првин си ја зела врската со клучеви од напуштените куќи, потем посребреното огледало од својата мајка која никогаш не ја запознала, но на која често ѝ зборуваше на својот јазик на молкот, преку огледалото, потем малиот ковчег од чеизот, кој никој не знаеше што чува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Толку беше речита во првата верзија што често ѝ се провлекуваа зборови и од втората верзија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Често ѝ пишувала писма на мајка Клементина, на од неа научениот италијански јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)