чисто (прил.) - македонски (прид.)

Но сѐ друго, како она дека бил оженет со некоја Митра, дека ги предводел побунетите славјански селани против византиските и солунските господари, и дека токму тој, односно, ја основал населбата во Потковицата и бил првородственик на Акиноските, си противречи со сѐ што досега знае историјата за Григорие Акиндин: „...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За него се знае дека бил прилепчанец и дека ги предводел зилотите против исихистите, против исусовиците на Григорие Палама, на него упатува и името на стопаните на Имотот, Акиноци, за кое може да се претпостави дека откако се ослободило од грцизираната форма - Акиндин, по пат на скратување и со испаѓање на интервикалното в - за кое, пак, денешнава македонска јазична наука смета дека било наложено од бугарските, односно од српските презимиња: Акин-ДОВ, Акин-НОВИЌ, ја добило денешнава чисто македонска форма Акин-ОСКИ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа ќе ја натера македонската интелигенција со различно образование да се сплоти во едно за да го обедини нашиот народ, но веќе не врз таа основа што си ја покажа сета своја неодржливост, а врз друга, врз чисто македонска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
25. Радев со својот “Movement Macedonien” мислеше да ја убеди Европа оти движењето е чисто македонско и нема ништо општо со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но оваа година ни покажа оти историските околности никојпат не ќе дозволат да се соедини цела Македонија со Бугарија; сега за Македонците и Бугарите останува едно од двете: или делење на Македонија меѓу балканските државички и со тоа загубување на 2/3 од Македонија за Бугарите и Македонците, или полно пресечување на врските со Бугарите и поставување на македонското прашање врз наполно неутрална, чисто македонска основа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А до кога едни Македонци се кажуваат патријаршисти, други егзархисти: едни Бугари, други Срби, трети Грци и го бараат покровителството кај различни балкански држави, давајќи им со тоа право да се бркаат во македонските работи, до тогај не може да се мисли за општо востание: до тогај ќе биде само парцијално: со бугарски, српски или грчки, но никако не со чисто македонски карактер.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но наместо тоа Македонците фатија да гледаат на себе како на Македонци, со свои одделни цели, и сакаа не да служат како орудија за српски цели, туку да ја употребат српската политика како средство за постигнување чисто македонски цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така Револуционерниот комитет беше чисто македонска организација по произлез и по неговиот состав, но тоа беше само работа на еден дел од една од македонските националности, врзана по име и по црковно-училишните работи со бугарскиот народ и држава и нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)