Таа цело време гледаше во „попчето“ па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето“ беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Надвор, зад високите решетки, небото беше чисто и ослободено од влага.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На авторот местово му се виде доста чисто и уредно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не ги трујам со апчиња, сѐ е чисто и не е прскано. Дојди да видиш во задниот двор“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Да му биде сѐ подредено и чисто и, што е најважно, да има нови лекови и да знае по колку од што да зема кога ќе треба.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Мала дигресија. Толку е чисто и скоцкано, да по улиците и парковите не можеш да најдеш ѓубренце.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Тука треба да ми е доста чисто, мислеше, треба постојано да држам чисто и средено.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко го сети тоа исто онака, како задоволство од некоја многу тешка, но свршена работа, од која сега требаше да се одмине понатаму Беше тоа еднаш едно негово постојано чувство, и сега тој пак го имаше него, исто онака чисто и силно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во куќата беше чисто и удобно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
БОРИС: Мислам на пошироката хигиена. Во оваа земја има да биде чисто и уредно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Над главите од луѓето сонцето грееше преоблечено и чисто и ништо не можеше да го извалка во допирот со земјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)