По таа теорија, основниот принцип на целокупниот живот, вклучувајќи го и нашиот, е механичка, пресметлива, алгоритамска низа. (De Landa 1991) Ханс Моравец смета дека до 2030 г. луѓето ќе бидат потиснати од роботи, и дека нашата свест ќе ја складираме во машини. (Moravec 1988)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
” и нему сличното „Може ли да се даде натуралистичко објаснување на човечката интелигенција, без повикување на некакви нематеријални и вонвременски Ум и Душа?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Имам мало мерило што го користам притоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Бев малку сатиричен кога говорев за чисто логичките модели на човечката интелигенција, со „ментален живот” сведен на изведување заклучоци од формални искази.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Прво, да се справиме на брзина со една жалосна грешка што се однесува на Gödel-овата позната теорема за некомплетноста. Rychlack се повикува директно на Gödel (1991, стр.120-123), но на вообичаен начин погрешно ја разбира оваа теорема. Gödel покажува дека, во синтаксата на било кој разумно експресивен аксиоматски систем, формулата може да биде напишана како вистинита, но недокажлива во рамките на тој систем. Rychlack изведува многу посилен резултат од Gödel, дека човекот размислувач може нужно да види дека таа формула е вистинита. Gödel не кажува ништо за човечката интелигенција, и овој чекор повеќе се следи само кога некој претпоставува дека „човекот размислувач” може да види дека сите вистини се вистинити, што е премногу смела претпоставка.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Верувам дека секоја технологија што ја зголемува човечката сила, моќ или дури и човечката интелигенција, и тоа е нејзиниот единствен досег, едноставно е зла, лоша технологија уште на самиот почеток.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Јас не гледам на логиката како на sine љua non за човечката интелигенција, но таа секако е еден важен граничен случај на нејзин модел.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Daniel Denett ги сфаќа животот и интелигенцијата како развој на несвесни процеси на природна селекција - ‘продукции и проби’ - при коишто податоците се складираат и пренесуваат по пат на гени и DNK. (Denett 1995) Според тоа сфаќање, човечката интелигенција е аналогна на ‘испразнет’ компјутерски програм, при што компјутерот е малку послободно програмиран на начин да може да учи од искуства употребувајќи ги грешките и случајните елементи - слично како човечкиот мозок.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)