Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога ќе пораснеш во друго поимање
ајде пак да бидеме истородни болки
и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине
да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде
сега дојди петкамен да се играме во бесчас
дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)