До 2008 г. повеќето луѓе што живеат во постиндустрискиот хабитус ќе поминуваат „прикопчани“ на инфо-световите од другата страна на екраните, исто толку време колку што поминуваат во материјалните светови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За дваесет години ќе минуваме седум часови дневно активно навигирајќи, истражувајќи, колонизирајќи, експлоатирајќи ги дигиталните океани и континенти.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)