Оној кој збори туѓи јазици на соне
зазира ли од заветот во којшто
„никој не се срами што страда и вика од бол“15
зазира ли од името свое
култот свој, па се таи, таи, притајува
во еден друг бог
- матичен?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сета сила ми ја исцицуваат однадвор каде што страдаме од компромисери и подлизурковци, наместо енергијата да ни ја концентрираат кон самосознавањето.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)