Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
- Што чекаш? Отворај ја таа проклета конзерва!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Што чекате! Собирајте ги парталите, ќе ве носат некаде...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Србин го имаше тоа на умот. - Ајде, што чекате, - привика Коте. - Вујко, - рече Србин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
ДИМО: Ајде, што чекате! Сега му е подобро. Одете си!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Средата ли, четвртокот ли, одново се разденивме како во пекол градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни, Татко ми го снема, како да исчезна во времето, и некаде по некој ден гледаме: водата ги раскопала гробиштата и жолтите коски на мртовците пливаат по улиците и ни мавтаат на сите: ајдете, велат, што чекате?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Милицонерот застана меѓу нозете на мршата, подведнат и со двете раце подраширено и готови да го здобави за нозете: фрли поглед кон Едо и му рече: „Ајде, фати го за раменици...Што чекаш?...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Што чекам тогаш?, си реков и без колебање, се втурнав во колумнистичкото друштво, рака под рака со еден од моите најсензуални фотопортрети.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Нѐ гледа, и како да прашува што чекаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мамо, ајде ѕвони, што чекаш. Толку време ги бараме, нѐ стемни...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И што чека сега, што се врти! (се насмевнува).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Вешто како мачка Пенчо се искачи по железната ограда; остро ми потфрли: - Ајде, што чекаш? Воена музика?...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
ПОПОТ: Ништо не е, ништо не е. Оца, сина, свјатого духа, Амин. Ајде, за многу години. (Пауза. Тишина.) Ајде, што чекате, соберете го колачот.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ајде, што чекате. Ајде мистер сиктер. Тавариш да не кажувам двапати, давај.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
„Што чекате?“ праша Калпак. „Ќе појдеме и ќе го бараме.“ Го прашаа: „Ќе го бараме Димитариноарие?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Тој се закопал кога се родил. Товари ја колата - што чекаш? И врати го ножот в пазуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Борис Калпак ја донесе долгата пушка од која загинаа Јане Крстин и Пецо Дановски, Каменчо Скитник извади од дисаги кубура со сребрена дршка: се родил, истиот ден останал без мајка, го израснале на густо млеко од биволица; повеќето се плашеа од него кога ќе ја заборавеа неговата благородност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како и секогаш, врз едното око му лежела густа коса, перче слично на дел од животински опаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Момци... скријте го некаде да не го гледам пред очи ваков заспан. Бргу! Што чекате!...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Коњот не се помрдна. – Удри по мускулите. – рече братучед ми Мурад. – Што чекаш?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наместо да трча низ полето, кон каналот за наводнување, коњот трчаше по патот кон лозјето на Диркан Халабијан, каде што почна да ги прескока лозите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Па господ ме дал, господ нека ме земе, ќе си речам, и пак ќе се окуражам: - Ајде, бре, колете, ќе им речам, што чекате? Не се противам, ќе им речам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)