— Далмити бог добро, Илко. Добре ми дојде, како си, шо правиш, шо чиниш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Седни, Петко, добре дошол, што правите по Витолишча, шо чините?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сѐ што чинеше тој во тоа време, кога на Голи Оток не му го скршија рбетот и покрај сите маки на светот што ги доживеа, не му го скрши достоинството ниту првин во основното училиште каде беше вработен како наставник по француски јазик, за корка леб, ниту во Институтот за фолклор, ниту во Државниот архив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа му објасни сѐ што чинела за да ја спречи, за да ја одврати од пушење, но ете не помага...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се нарачува специјално по некој „саватлија“ прстен за зетот и невестата со црн монограм, но само за пишувањето ќе се плата десетпати повеќе, отколку што чини самиот материјал, ако не стопи Пане цела бела меџидија за таков прстен и ги убеди дека е од нивното сребро.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сумата што ја наведоа за да се направи тоа, изнесуваше повеќе отколку што чинеше куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)