Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А мачката? Тоа беше мачно: да ја оставам можеби е добро, зашто во нејзина куќа ја оставам, како што една мачка си сака, да ја земам, ќе биде добро, зашто би била згрижена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)