— Може сѐ да рече, а ништо да не мисли, вели жената, од кај знаеш што ќе ти дојде на уста тогаш?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
таму ќе ни судат и така не засурмуваат во вагонот небаре добиток за продавање и клан, клун, клан, клун, лазаме за Софија пооди, пооди, - запри, па пак тргни, а ништо не гледаме, имаше само една дупка во отворче одозгора, над нас и не знаеш кога се стемнило, а си заборавил кога било дење, денот и ноќта си ги смешале нозете, ги избришале границите и не знаеме дали сме поблиску до денот или до ноќта, само некогаш ќе подотвори некој, ќе ти остави кофа со вода и по едно лепче - камче за да ти ги скрши забите и пак ќе ја тргне вратата, ќе го штракне лостот, штрангата, а ние ќе го топиме 118
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ние ги чулиме ушите и се вртиме: нешто иде, а ништо не гледаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)