а (сврз.) - сиот (зам.)

Ристе не можеше да стои на нозе, камоли да оди, а сиот онака отепан требаше да се полекува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Ратка Мајка како мајка: и на јаве и на сон севезден ги распетлува јазлите на судбината - тагата ја обликува во скулптура на молкот а сиот вишок светлина му го испраќа на синот единец во туѓина, да му се најде.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Нив ги држат грчки гастрономи кои на парижани и на гостите им сервираат грчки ражени, ќофтиња, шиш-ќебап, а сето тоа се приготвува пред очите на минувачите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А сето она што таа, како склопување сложувалка, вистински го навестуваше, почнуваше благо да стаписува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во секој случај, над бунарот еден багрем ќе биде посаден, а сиот простор наоколу ќе биде парк со клупи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од височинката, каде што се прости со Денко и доктор Коста, убаво се гледаше наоколу, и денот беше од убав преубав, небото сино како синчец, сонцето жолто како качунка, миризби како да е сред мајска покосена ливада, а сето тоа тој ниту го гледа, ниту го чувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ние се вртиме со Коста, а сиот народ околу ни плеска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето минато ми оживува, а сето е мртво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Морав сам на струг да ги направам и двете дванесет-калибарски чаури, а потоа и сам да ги наполнам; морав да ископам еден прастар микрофилм со инструкции за полнење на чаури; Морав да направам преса за да ги подесам капсулите -а сето тоа е многу зафркнато.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сакав да викам на помош, ама грлото од страв ми беше стегнато, а сето тело ми трепереше како да ми студи, иако температурата во Египет тој ден беше околу четириесет степени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)