Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја:    Фрли го, лудо, шеширот,  оти е место нагорно,  оти ќе се лудо испотиш,  Ихиии!...  а ергените одговараа, исто на шака:    Фрли го, Досто, опрегачот,  оти е место каменливо,  оти ќе се, Досто, засопнеш,  Ихууу!...
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)