Му се обрати со бате, а зборот сестро никако да излезе од неговата уста.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Почетокот на секое сочинение е најтежок“, ми велеше ноќта пред да се искачи горе. „Тој обично се плаќа со живот. Првата реченица во секое сочинение е најопасна, а зборот прв најотровен“, велеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Иљач нема, вели Маса Ќулумоска, а зборовите не помагаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе зинам, а збор не излегува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)