а (сврз.) - земја (имн.)

Пропаѓав во кратки соништа, оние што немаа ни почеток ни крај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но кога со врел скок летото рипна во нашата градина, тревата почна да жолтее, а земјата да се суши. Растенијата беа жедни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги држи таа за оглавот, а земјата, мислиш се помрднува под неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А земјата се тресе и се поткрева под тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Од крстот, од ципите надолу. И ме втерува в земја, вели, а земјата бега од под мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За материјалистот, предметноста е есенцијална: каменот е камен, планината е планина, водата е вода, а земјата е земја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)