а (сврз.) - маж (имн.)

А маж од неговиот калибар сигурно сексуално не апстинирал толку долг временски период, колку што беа разделени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
МАРА: (Ѝ подава на Депа столче). На, на ова ти седни, а маживе нека си седнат на земја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Децата трчаат наваму, натаму, давајќи му поголема веселост и раздвиженост на овој собир, жените одат една до друга, си разменуваат парчиња погачи, сирење, варено жито, а мажите, распоредени по маали, седат на зелената трева во големи кругови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа е обвинета за користење буржоаско влијание во облекувањето, а мажот ѝ за небудност.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе постелиме и ќе се наредиме по целото собиче: јас и Оливера на една страна, а мажите на друга. Крлаган, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но попот се бунел, пијавиците на набожноста му ја цицале крвта однатре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Долу, под балконот, летувачите веќе се врвчеа - кој со торба, кој со душек, кој со гума, кој со чадор, кој со топка - сите по шорцеви, со апостолки меѓу прстите на нозете и снежни шапки на главите, жените носеа шарени блузи без ракави, а мажите еднобојни маички со тесни прерамки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жените се настрвија на зрелите и дрочни, црвени и црни капини, не мислејќи на трњето со кои се штитеа дарежливите плодови од ненамерните натрапници, а мажите го враќаа чекорот назад од помислата дека некој вол го подмочал пред да го однесат на колење за некоја трпеза надвор од листата за јадења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, таа Босилка беше перачка во куплерајот, а маж ѝ Кубре беше набавувач.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вест која радува: младост на обликот (Модилјани) ластерки на личотијата од нов вид - а прстите на цветаева невидливи врз тилот на долгата жешка зима – мимика на притивнат протест сѐ-на-сѐ антиграматика на очајот - спознај се самиот себеси и уште (асоцијации за вратот) теснец кој пулсира – притеснета надеж клисура во која одекнува контрабас а мажите аргонаути, крзнољупци верници од инакви светови не се откажуваат од потрагата: влезот во жената е бескрајно долг да биде волјата ваша слободна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кај неа, сепак, преовладуваше источната варијанта на фатализмот во однос на жената, таа да си биде осудена да се жртвува за семејството, а мажот да биде неприкосновениот столб. Главата на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А мажот си е маж: ти бара да му ставиш, да му постелиш, да му одиш по бесот. Не те прашува дали можеш. Тој е секогаш поуморен од тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)