а (сврз.) - поп (имн.)

СИМОН: Чашка ваму, чашка таму и тебе ти е весело, а попе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Стојанка како крената пушка веднаш одговори: — „Неда", а попот си продолжи: „Крешчаетсја раба божја Неда, во имја отца амин, амин", и му ги Изреди ,и на ова детенце оние исти благослови што им ги рече на тие пред него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А попот, тој прво открши еден голем леб и, свртен кон дедо ми, зборуваше, кршеше залаци, макаше од гравот и иако неговите залаци беа како пет на Килета, го преполови гравот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Попот го зеде тефтерот и моливот од калуѓерот и почна да пишува: „Во лето од рождество не плоти господа и спаса нашега Исуса Христа 1563 прииде во веси сеи богомолец – черноризец, – (како се викаш, оче?) – го праша калуѓерот. – Отец Серафим – одговори овој, а попот продолжи да пишува: Отец Серафим собра милостину од...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Идинајсет, дедо попе, — одговори Петре, а Попот си продолжи: — „ ... и дажд нам владико ...“ Ами виното каде е? „ ... единомислие ...“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата ги одврзуваа шамивчињата од крстовите што ги носеа, а попот пееше: - Благословен бог наш всегда њиње и присно и во веки векови, Амин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)