По добивањето на првостепената пресуда, работодавецот – незадоволен од истата – во декември 2003, преку својот полномошник- адвокат (П. Трајковски и неговиот заменик Д. Деспотовски) поднесува Жалба до Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, од страна на самиот работник, подоцна беше пријавено и во Државниот инспектор за труд при МТСП – ПЕ Скопје, Отсек за безбедност и здравје при работа – општина Гази Баба (а предметот беше распределен кај инспекторот Б.Величковиќ). 198
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Некој е вишок
тензијата е последица од премногу сакање
ниски страсти, совпаѓања
а предметот на желбата еден и неделив
мистичниот копнеж по неделивоста
нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма
на свеста (coitus interruptus)
во одложувањето на кулминацијата
секој од нас цел го сака
цела ја сака
колку повеќе ја одлагаме драмата
толку повеќе е тука
приклештена габаритно
еуфорично распиштолена
по меките, лимфни, срамни и кршливи
пасажи на твојата, мојата или на неговата
психа, навидум силна налик на лунатик
хистеричен
порив да се биде роден
да се осети на свој грб
животот
сѐ недостатен, сѐ пожелуван
сѐ отповеќе, сѐ отпосле
сѐ притеснет
испустен или пренаселен
сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен
од перипетии, пресврти и стресови
од иселеништва, делби и егзили
сѐ лишен од разврски
создава лажна, мелодраматична слика
- нема друг и никој не е сам -
- целоста е устрем
обичен, а врховен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
4 Во меѓувреме, случајот, по неколку дена од укажаната прва помош, од страна на Ургентниот центар беше пријавен во полиција – МВР ПС Центар (за што беше изготвена службена белешка, а подоцна, по барање на Јакшиќ, беше издадена и потврда за настанот потпишана од командирот – виш инспектор Б. Павловски).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепениот жалбениот суд, по пет месеци – во мај 2004 – со Решение ја усвојува жалбата на „Киро Ќучук“, и истовремено ја укинува првичната пресуда, а предметот го враќа на повторно судење.5 Но, и по повторената постапка, судот во Велес – во март 2005 – во отсуство на законскиот застапник на „Киро Ќуќук“, кој не дојде и покрај уредната достава на поканата за рочиштето за главна расправа, пак носи позитивна пресуда во корист на Авдиќ, која станува правосилна и извршна во јуни 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)