а (сврз.) - соба (имн.)

Убаво уреден стан. Со кујна и со купатило, а собите можат да примат два, три или четири кревети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А собата наша и натаму им потклекнуваше на маглата, дождот, ’ркотницата...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ме оставија сама во собата, а собата голема, што се вели, не е само за еден човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека таа се симнуваше по скалите, Чарлс лежеше без болки, без температура, без црвенила, а собата беше исполнета со жештината на неговата трескавична преобразба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Знам, вие ќе речете дека љубопитствата од ваков вид во овие установи не се пожелни; Знам, знам, се согласувам; но треба да сфатите дека не сум јас тој што прашува туку прашува едно мало дете; Знаете, тој ваш шеф, Бунде, или не знам што точно ви се паѓа, нас, децата од нашата улица, нè качи во градската кула и тоа дури на третиот кат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А моето распрашување од прилика течеше вака: Извинете, а собава до вашата дали е собата на Мирко Бунде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)