а (сврз.) - богами (мод.)

Тароти, гравови, лаптопи, а богами има и такви на кои не им требаат никакви реквизити туку само што ќе ви го чујат гласот ви прогнозираат 30 години унапред шо ќе ви се деси.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со закон се забрани пушењето по кафани, но никако не се донесе закон за пушење по штабови и канцеларии. Таму се пушеше увелико и без преседан. А богами и колена се разрануваа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Главно било, ти, преку власта, бидејќи се видело дека ти си во врска со власта, се видело и по тоа што ти дале пари за изградба на водоводот, а богами, велат, сигурно му дале и за бунарот, ти, значи, требало да ги натераш маказарчани, со власта заедно, да ја продадат земјата и куќите, а потоа, се знае - процент“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ама, гравот е знак дека и во твојата куќа заиграла „варјача”, дека си врв од домаќинка и дека, во зависност од тоа како си го зготвила, така и ќе ти помине остатокот од денот до замрачување, а богами и ноќта!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми се слоши, мислев дека ме изрешета, главата ми прсна од притисок, а богами и страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Замисли - тие немаат ни национален идентитет, а богами ни национална македонска валута, па на саксофонот си ги плаќаа нарачките со евра.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога не ќе драбаше по калиштата на каналот, тепајки гуштери и жаби со нескриено задоволство, кога не ќе дебнеше полузаспани змии, кои, држејќи ги за опашка, или ги треснуваше од некое дрво, или ги вртеше врз својата глава и зашеметени, ги фрлаше далеку во меѓите, тогаш секако се плискаше во плиткото на реката, а богами, без никаков страв, загазуваше и во подлабоки места.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)