3. Парадокс
Ако „Бог ја знае мерата“ на бесмртноста
и на злото кое „расте и зрее“19
тогаш нека гугне
зошто бројките се зголемуваат
а бесконечното се наближува
кога – о, парадокси! –
„секој ден сме сѐ повеќе во загуба“20
нека објасни
-богат со средства и начини-
кој ги благослови човекомрсците
та в оган фрлаат сѐ живо и диво
да му се сотре семето на семејниот
Матери?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мислите и дејствијата кои, еднаш откриени, значат сигурна смрт, формално не се забранети, а бесконечните чистки, апсења, измачувања, затворања и испарувања не се вршат како казна за престапи што навистина биле направени, туку за да се збришат поединците кои би можеле да направат некој престап во иднина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)