а (сврз.) - вака (прил.)

А вака — сака да се издише, ама пак тие проклети старци!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти, Симон, вели, поарано купувај си купечка. Барем ќе знаеш, вели, дека еден отров пиеш, а вака - илјада отрови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби ќе станеше инженер или доктор, како нејзините полусестри кои се родија подоцна, а вака остана слепа при очи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А вака беше, оти не беше инаку, од моја уста кажано, со моја рака пишано: откако се поклонивме ние пред Филозофот и тој пред нас, логотетот рече: „Добредојде, Филозофе“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас сум сега во змијарник влезена, што се вели, а вака сама, како што ме гледаш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А вака мораш да внимаваш, а мислата ти бега кај црното кутренце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ќе ги стасаш, ако внимаваш на часовите и редовно ако учиш - вели татко ми.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Часот се издолжи. Барем во лекцијата да имаше нешто во врска со куче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој атеист, а вака се изразува, којзнае на што цели, или така е адет, кога се зборува со постари луѓе, или без присуство на претставникот на партијата се чувствуваше послободен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А вака, не лути се, ама посигурен сум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)