Сестра му ја осети работата и, чувствувајќи се виновна, гледаше да му ги ублажи болките и сама одеше кај татка си и го земаше Крлето оти сама ја страеше да лежи, бидејќи нејзиниот Трајко беше цело време на колибата, а дома немаше други жива душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Како се викаш? - Василка, а дома ме викаат Циљка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Те остави тебе млада, мене да ме родиш... А дома не се врати!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ех, сиромаштијо! Црна си како црн леб!... Пуста да останеш... (Пауза).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Еве ти клуч, го заборавив в џеб, а дома им треба.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: Е, тоа веќе... ќе фати место... А клучот го најде на пат: рѓосан...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Се случува значи извештајот да го предадеш а дома сепак да се вратиш трезвен, ни лук јал ни на лук мирисал - погано го исмејував заебаниот пријател Господ откако му нарачав двоен вињак.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И, се разбира, грдо, грдо го сожалував.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„А дома, професоре?“ запрашаа сите во еден глас.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Пеколот секој сам
си го бира !
Ја обзема чувство на изнуденост:
софистицирана уцена
маскирани киднапери
препознатлив
глас.
Депресија: доцна попладне
Наместо топла попладневна
дремка
во неа
без остаток
се влива
тегоба со нагон на повраќање
небаре влегува низ подотворени порти
- дома, а дома
цибрина
треска
изѕемнина.
Има хронична несоница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Си отиде вечерта шоферот дома, а дома тој има ќеркичка што се вика Билјана.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)