Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија. Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа и како ѝ се кажа Толе; работник — минер. А уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Неговото отсуство ги натажи сите рудари, а најмногу русото Проќиче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Требаше добро да се искористи и за свои цели, а најмногу за унапредување на републичката хиерархија на власта.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
ЗОО речиси целосно им е „посветен“ на животните: во рамките на неговата колажна сценографија се појавуваат на пр. логоа на фирми што употребуваат животни (Камел, Самсон), видеоснимки и филмови за животни, цела митологија врзана за нив (Леда и Лебедот), а најмногу нивното физичко распаѓање (додека во ДАВЕЊЕТО ПО БРОЕВИ се појавуваат убиени животни).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бие камбаната, се виорат грчки знамиња, воен оркестар свири патриотски маршеви, а најмногу маршот: Μακεδονια ξακουστη Του Αξανδρου χωρα Εδιοξες τον Βουλγαρο Και εισε ελευθερη τωρα 14
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Многу им верувавме. Ѝ верувавме и на партијата, а најмногу на водачот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Преку владиците Бугарите сакаат да истребат сѐ што не им е пријатно, а најмногу црковно-општинската самоуправа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На 24.11.1903 год., додека Мисирков сѐ уште беше во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Независно од тоа како и на ова мое писмо ќе погледнете, должен сум да ги изнесам моите грижи по повод брзото ширење на македонското национално движење, кое не само што ја зафати Македонија, туку наоѓа одзив и овде меѓу македонската емиграција, а најмногу кај интелигенцијата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се умирало и веќе се немало сили да се копаат гробови: откако се договориле уште во Лесново да се здружат, тие и сите во Кукулино во дваесет воденици, требало да се мисли и да се предвидува дека дел од маката на живите ќе станат и гладните детски усти на некои од загинатите, бездруго на Јане Крстин, Пеце Дановски и Борис Калпак, а најмногу купот штури наследници на килавиот Јаков.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа, по еден час од поаѓањето на Арсо Арнаутче и на Цветко Грнар, пошле еден по друг по пролокан пат и луѓето со двоколките, повеќето со надеж дека враќањето ќе помине без жртви иако двајца или тројца понекогаш загрижено погледнувале кон постариот тревар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа, намрштена, влегува во гардеробата како намќор и сѐ „испробава“, малку себе, малку фустаните, а најмногу неговите нерви.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Потоа гласот наизменично редеше песни и ги галатеше сите Турци, а најмногу него, дури може да се рече дека само него, Арслан бег; го набедуваше дека тој, Арслан бег, со дружината ги исклал Акиноските и го повикуваше на мегдан - ако е јунак, како што се прикажувало за него, и ако му јади газот стодрам барут.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А најмногу во нивната спална, та кога ќе зацрцореа, им се чинеше дека се наоѓаат во вистински рај.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
ПОЦКО: Е, ај, како пиле, така здрави и живи биле, а најмногу да си здрав и жив ти, куме Давадосе! (Пие, и дава на Петрија.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: (Го зема шишето.) Како благословивте, така бог да даде!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Играа по тактот на мелодиите што ги слушаа иако не ги знаеја игрите: танго, валцер, фокстрот, чарлстон, самба, румба, рокенрол, ча-ча-ча, боса нова, полка, а најмногу ламбада која беше хит и која почесто ја повторуваа и чиишто ритам најмногу им се допаѓаше.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Цел синџир убијци кои викаат од близу, а најмногу од далеку: - Слобода!!!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- А тие, булкиотите, погани луѓе! Се зборува дека тие таму, во Булкес, учеле како да се биде командант, а најмногу како да се биде комесар и.. И кодош...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ние, како што знаете се боревме за демократија и мир во земјата, а најмногу против англо-американскиот империјализам.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Конзерваторите – водичи на трите павилјони добро си ја знаеја лекцијата што требаше да ни биде пренесена и А.А. во тоа воопшто не се сомневаше, но најмногу стравуваше од нашите прашања, а најмногу од моите, па затоа мораше да биде тука.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Прво копале големи дупки, а потоа во дупките пикале садници од разни дрвца, а најмногу елки, големи колку педа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Секогаш било така, а најмногу кога ќе имаш некоја несреќа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А и јадењето! Фрижидерот секогаш им е полн, Љубе одлично знае да готви, а најмногу ми се допаѓа кога со Саше ќе не прати по пиво, ќе рече три ладни од фрижидер пивца за мене, а за вас што сакате, сладолед, кока-кола купете си по своја волја.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не знам дали има баш толку многу пари, повеќе од татко ми, ама знам дека е трошаџија, како што вели Тета, а тоа нам на децата ептен нѝ одговара.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)