а (сврз.) - потем (прил.)

Сталинка првин срамежливо, а потем игриво појде кон прчот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Прво таа како да ме праша дали ќе ѝ го направам тој себап , а потем јас како да ја прашав дали сака и уште што немав почнато да пречекорам во таа сауна за која веќе имав платен билет кога таа се созеде, со рацете се фати за блузата, заградувајќи се и се исправи во постелата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потемкин несаден а никнат: пекарите полни лебови, бонбони во продавниците, привид што не се заборава – евреите ги уживаат сите права сите имаат од потребното повеќе згора и свират оркестри, пеат хорови - додека да заврши посетата на црвениот крст благосостојба на реверс просто да ти завидат гостите а потем сѐ по старо,
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но, се случи чудо: скалата стоеше, и јас на неа; сфатив дека идеално ја контролирам тежината, и полека ги отпуштив рацете од скалата, и ги раширив; потем со внимание ја кренав десната нога и ја качив втората гредичка, а потем и левата, и пак ги раширив рацете; скалата си стоеше како да е забодена во земјата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Госпоѓата молчеше еден миг, а потем рече: „Да. Многу. Мошне многу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А потем оние луѓе ги собраа во ковчеже, го запечатија ковчежето и со голема чест и слава ги принесовме во храмот, во градот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А потем тој помина, така да кажам, во напад и го напиша оној есеј со којшто си ја запечати судбината.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Една вечер се забавивме со Земанек на тренингот. Дојдоа да нѐ гледаат некои девојчиња од гимназијата, но и од текстилното школо, и ние беснеевме на мотоциклот, еден по друг: првин Земанек скокаше од ритче на ритче, а потем јас возев на едно тркало.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дружината вешто ги одра, а потем ги стави на ражен бравите гојни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А потем падна и се урна снагата му цела врз оној грозен, крвав куп.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А потем, позлатени дреи што Кузман на празник само ги носеше голем.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Златко молчеше гледајќи по неа, а потем замоли: „Бате, немој да ѝ речеш на мама дека ја задевав мачката!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа обични, заморни снежни партали, поигруваа долго пред неговиот прозорец, сѐ додека една од нив не сврте неколку пати нагоре-надолу, а потем се шмугна низ скршеното окно и му падна на дланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној скаменет грч на широката плоча на пилата како да се потсепна еден миг, наоѓајќи се себеси будна, а потем се отпушти надолу, а острите искричави запци загризаа во кревката црвеникава буковина на трупецот, што беше наместен пред нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му одговорија заедно, како деца, а потем и тие отидоа надвор и се миеја во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа пријателка не беше ни малку поубава и не помлада од неговата жена; но ги има на светот ваквите енигми и не е наша работа да судиме за нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговата сопруга, сѐ уште млада жена и дури и доста убава, прво му ја подавала раката за бакнеж, а потем, откако ќе ја преобрнел на другата страна, таа му ја бакнувала неговата рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа ти го барам, а потем, ќе ти го дадам целиот свој живот. – Многу си лековерен – му рече учителот. – Не ми е потребна лековерноста; ја барам вербата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да не мислиш дека првиот Адам во Рајот можел да уништи еден единствен цвет или страк трева? – Не сме во Рајот – се заинаети момчакот. – Овде, под месечинава, сè е смртно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Следеше неизбежната, првин радикална, а потем умерена дебургизација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Новиот владетел настојуваше да го врати стариот владетел на заслуженото место, ни поназад, ни подалеку од заслугите и вредностите. Но тоа беше тешко да се стори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
8. ШТОМ ИЗЛАЖЕШ ЕДНАШ, НЕ ТИ ВЕРУВААТ ДОВЕК - теориски би можело и така да се каже, во практика, пак, еднаш му поверуваш на човек а потем до смртта тој сѐ туку те лаже ...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ги срети на појадок. Се поздрави со сите, а потем седна до секретарот Сретен Јаворов, спроти експертите од Министерството за урбанизам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Првин кој што љуби грев не чини и дејгиди луди млади години, а потем црни горо, црни сестро.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Чоколадите што му ги даваат на братчето ќе ги згорчува секогаш, а потем пак ќе ги прави слатки и тој ќе ги јаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)