„Нема поголема неправда од таа: заслужено да очекуваш сочувство а да наидеш на рамнодушност па дури и на злоба.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Седат ко абдали пред тв кутијата и се тресат за својот фаворит, а да не ги спомнувам оние кутри пациенти со ливчињата у руки кои со саати дрочат по кладилниците и животна цел им е спортската лутрија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А да не зборуваме колкава е ползата од птиците во земјоделството, во овоштарството и шумарството.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Одговорот на прашањето: Збира ли јазикот толку колку што може да загуби мислата, а да најде песната - се потврдува одново и одново во секоја песна на Анте Поповски.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Да опљачкаш трафика ќе скапеш 20 години робија, а да опљачкаш држава ќе те наградат и у парламент ќе те пикнат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)