ако (сврз.) - некој (зам.)

Ако некој поткажал, сигурно не ќе доцнат да тропнат и на нашата порта, на портите од сите куќи на маалото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако некој сака да дознае како живеевме тоа лето 1966 во Њујорк, сѐ што можам да му кажам е да го погледне Девојките од челзи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рече: не, единствено што сакаше да види е Девојките од челзи, бидејќи сакаше да знае зошто нејзината ќерка се фрлила под воз. Не знаев што да кажам).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Попростачка точка во животот немам видено; и што има смешно ако некој не може да ја фати сопругата во блуд?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако некој од нас двајцата користољубив, тоа си ти.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Самата таа никогаш не спомна дека посакува да стане мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наеднаш врз нив легнала таква тишина што изгледало, ако некој се накашла, сѐ ќе се исчанчи од своето место - некои ќе попаѓаат, трупот ќе стане и ќе појде на скршени нозе да го бара гривестиот белец. За миг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На еден од четирите исечени прсти заканувачки блеснал на прстен зелен камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, ја одбив љубезната промоција на готвени јадења, супи, чорби и месено... зашто, ако некој треба да си оди од дома и да ме напушти, последните зборови сигурно нема да му бидат: „Да си ибеш векот, стварно убаво готвиш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ако некој те праша зошто ја носиш свечената црна кошула, кажи дека ѝ е роденден на мајка ти или дека по завршувањето на смената треба за прв пат да излезеш со потенцијалната девојка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ако некој сака да се откаже од мене, поради нешто што не го правам добро, јас попрво се откажувам за да не бидам губитникот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа беше движење кое - ако некој сѐ уште размислува на таков начин - потсетуваше на благородник, од осумнаесеттиот век кој ја нуди својата кутија со бурмут.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако некој сака да владее, и да продолжи да владее, мора да биде во состојба да го измести чувството за стварност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако некоја од жените се подналутеше, ако се скиселеше кога ќе ја удреа по газот, и ако во тој миг ги стегнеше усните на устата, тогаш и устинките на дундата се стегнуваа како некој да ѝ ставил стипца меѓу нозете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се уверив дека тоа што го слушав било вистина: жените и горе и долу беа исти, каква уста таква дунда, и обратно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако некоја се накашлаше, речиси, мигновено долу, меѓу нозете, устинките формираа крукче кое потоа се разобличуваше и пак устинките се слепуваа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обично седеше затворен во одајата и го везеше гобленот. Ако некој влезеше кај него, го криеше гобленот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А потоа и самиот се запрашав: „Дали навистина не е опасно ако некој си вообрази дека може да го одредува текот на нашите размисли и со помош на оваа своја способност да донесува заклучоци за нашите намери“?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако некој се наведнува преку прозорецот од другата страна на проѕирниот свод меѓу вообличеното и невообликуваното значи: Нептун се наведнал Посејдон посегнал, стрепел страотно китот убиец во височините се нурнал свикнат на дно, на бездна свикнат на најкусиот пат до центарот, внатрешниот круг на Психе до замислената точка, мигновената морфема: едната глава на едната, другата на другата страна, оностраната медузо, пијавицо осмоока стовариште за back-up фреквенција за реставрација, свргни ја од власт формата, поведи двобој восторжи ја публиката, гледалиштето дејството изделај го зад кулиси, класично спушти го пердето, занишај ја сцената оддалеку навева Вишниот виши, виши вишнее а под него тлее водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаеш, ако некој е за чистење, сакам да речам осуден на смрт од тукашната управа, тука не смее никој да го гибне.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ми вадат нови обвиненија дека некогаш некаде сум рекла: „Ако некоја Македонка се омажи за Грк, јас ќе ја стрелам на првиот ѕид“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми рече: - Нема проблем, срце, оди и задржи се колку што треба, јас ќе те покривам ако некој дојде.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Молчам и размислувам. Не е пријатно ако некој не ти рече добар ден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)