Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Чуму му се книгите, ако еден ден не ќе може, не дај Боже, да ги чита, прелистува, гледа?, помисли, но ништо не рече, Паскали.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И сѐ ќе беше убаво ако едното од нив, без некоја зла намера, не му речеше на другото: - Насекаде гледам, само на страната каде си ти, освен тебе, ништо друго не гледам.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Полната политичка слобода не чини за ништо, ако еден човек не сознава оти неговиот човечки долг, неговиот долг пред својата татковина и својот народ е: труд, труд и пак труд.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)