Ако добро се загледаш, можеш да откриеш и нешто пријатно; долж реките игриво, весело и расцрцорено летаат едни златни ластовички кои толку убаво стојат на црната подлога.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ова е јазиче или чкрапец. Кога ќе го повлечеш, тогаш иглата удира по капсулот од фишекот и, ако добро нишаниш, ѓавол ќе го земе тој во кого нишаниш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако добро те разбрав: јазикот есперанто или кој било прифатен вештачки јазик би бил јаничарски поставен кон другите природни јазици!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)