Не знам што ќе направеше дедо Стефан, ама го чув Екрем како помирливо му вели: - Ајде, ајде...
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ама и ги мразев тие удбашите. Мене Тито ништо не ми имаше направено, ама го мразев за инает за нив.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го влечам а тој се грчи божем со секира ќе замавнам на него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакаше да избега, џенем да фати, ама го зграпчив за рака и го повлеков. Потоа се покори и шмрк-шмрк... шмрк-шмрк, по мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тогаш, јас и вие тоа не сме го виделе, ама го видоа невидливите очи на убавицата од Дардаванија, од преголемиот огин што го испумпуваше од срцето кон образите, мразулестите мустаќи Дедомразови почнаа да се смекнуваат, да се топат истечувајќи низ снежната брада која, исто така, почнала да се топи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Се сврте на онаа страна каде што отидоа децата, но кога не ги виде никаде наоколу, рече: - Ама го видов ли јас и она Мартина со нив или така ми се стори!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го препознавам гласот од Мирковиќ, нејасно од бучењето, ама го препознавам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Првин не сакаат да го остават оружјето. Ама го оставија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- И чувме дека Бугарите јадат магариња, па и ние едно испековме. Го јадеме со гроза, ама го изедовме. После немавме ни оган, ни магаре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)