Лесно е да ми солиш ум, је вела', ама ти и немаш истите гајлиња што ' и има ја“. „Ах“, рече другата, „така, ами како“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Боже, ти колку го сакаше, без резерва, без отстапница, ама ти си мислела ако појдеш со човек кој има само едно рало чевли, загарантирана ти е љубовта и преданоста, како секогаш да има две страни, од едната богатство, од другата доблести со верна љубов како круна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Додека се симнувам по скалите од горе надоле слушам шепотење: „Ама ти давам ишарет цело време, не зборувај против партиите, овој градоначалник, оној градоначалник, гарант е од некоја партија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Затоа јас тебе не ти се лутам што сакаше да ме исплашиш. Ама ти самиот се исплаши.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Прости ми, Велико, ми вели Дуко Вендија, ама ти не ги разбираш тие работи. Тие не се само за тебе дојдени, вели, и затоа позасолни се!...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пирејот е троскотна трева, вели, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, вели, таа пак не умира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Нека ти е простено, велам, ама ти не ме остави, туку господ.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не си дојде, вели, ама ти пушти писмо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јазикот ти се здебелува, ти ги завлекува зборовите, ама ти не запираш да ги мачиш, да ги истураш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)