„Мажот и жената, да простиш, ќерка си ми ти мене, не ме личи да ти речам, ама мажот и жената под ложник се засакуваат.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)