Но, тој заклучок е погрешен. Ѝ ја одрекува на Крафорд прочуената и силна женствена гламурозност, која, мора да се признае, се потпира врз едно стратешко мешање на машки и на женски особини, а со тоа таквиот заклучок одбива да го признае она што сме научиле да го викаме „женска мажественост“, многуте видови мажественост што жените, како жени, можат да ги изведуваат.297 Неправеден е кон Крафорд, бидејќи одбива да ѝ го признае внимателно негуваниот и променлив стил на женско отелотворение и да се занимава со него, како и нејзиното комплексно справување со женствениот идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Односно – а ова можеби е поентата и на едното и на другото толкување – тешко е да се согледа како може обете тврдења да бидат вистинити, освен ако поентата и на едното и на другото е дека Џоан Крафорд воопшто не е никаква жена, дека претставува машки геј-идентитет и дека, без разлика на тоа што не изгледа така, е геј-маж во дрег.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тешко е да се согледа како може Џоан Крафорд истовремено да биде и жена буч и дрег-кралица, ем да нема женственост ем да има хиперизведба на женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)