Второстепениот суд може – на седница на совет или врз основа на одржана расправа – да ја отфрли жалбата како ненавремена, нецелосна или како недозво- лена; да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди првосте- пената пресуда; да ја укине оваа пресуда и предметот да го врати на првостепениот суд на повторно судење; да ја укине првостепената пресуда и да ја отфрли тужбата или да ја преиначи првостепената пресуда (чл. 355. ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја одбие жалбата како неоснована и ќе ја потврди првостепената 116 пресуда кога ќе најде дека не постојат причини поради кои пресудата се побива, како ни причини на коишто внимава по службена должност (чл. 357, ЗПП). 6. Измените на ЗОО од 2008 година воведоа значајни промени не само во терминологијата, туку и во начинот на пресметка на каматата, бидејќи престана да важи дотогашниот ЗВСЗК (1992) – в. чл. 73 – чл. 77 од ЗИД ЗОО/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)