бидејќи (сврз.) - станува (гл.)

Конечно, примерот на СР Југославија е посебно интересен, бидејќи станува збор за држава чиишто највисок правен акт (Уставот, донесен на 27 април 1992 г.), според мислењето на водечките југословенски стручњаци за уставно право (проф. Павле Николиќ, на пример) всушност е неуставен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во филмовите на Гринавеј се појавуваат сите “репродуктивни” медији, почнувајќи од оние најексклузивните, прикажани во самиот чин на создавањето, како што е цртањето во УГОВОРОТ НА ЦРТАЧОТ и внимателната калиграфија во СТОМАКОТ..., во најдословната смисла на авторовиот “потпис” бидејќи станува збор за неговите цртежи и неговиот ракопис, до репродуцирањата по пат на видео- и филмски камери, грамофони (ЗОО), фотоапарати (СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ, ДАВЕЊЕ ПО БРОЕВИ) и, како што вели Гринавеј, “најбаналните слики” добиени со фотокопир (СТОМАКОТ...).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во случајот на Заливската војна станува збор за војна просторно изразено локална, но временски глобална, бидејќи станува збор за војна пренесувана “во живо”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дали знаете зошто? Бидејќи станува збор за ветен пат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Велам тажно бидејќи станува збор за врамување на животот и на многу настани од тој живот кои одбиваат да останат затворени во некој таков свет што дружи само со минатото.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Понатаму, бидејќи станува збор за лице од навистина демонски формат, за човек пеколно лукав, расипан...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така, спротивно на она што го проповедаат поборниците на глобализацијата, глобалната економија не ги елиминираше границите; наместо тоа, тие станаа „привилегирано место на регулација“. 62 Тие 60 Peter Andreas, “Redrawing the Line: Borders and Security in the Twenty-first Century,” International Security, Vol. 28, No. 2 (Fall 2003): 79. 61 Elia Zureik and Mark. B. Salter, ed. Global Surveillance and Policing: Borders, Security, Identity. (Cullompton: Willan, 2005), 2.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Види also Peter Andreas, “Redrawing the Line: Borders and Se- curity in the Twenty-first Century.” International Security Vol. 28, No. 2 (2003): 108, и Gary T. Marx, “Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 14. 62 Helene Pellerin, “Borders, migration and economic integration: towards a new political economy of borders,” in Global Surveil- lance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and 46 сè почесто се поврзуваат со безбедноста, но и со економијата, бидејќи стануваат сè потесни, главно во истите региони каде економската интеграција оди напред (Северна Америка, ЕУ).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Потоа оној изнуден и чуден предлог или барање од неговиот некогашен пријател Јаким во врска со белезицата (во истиот оној понеделник што се трудат да му го забошотат); божем најдобро ќе било тој да го заборавел случајот бидејќи станувало збор за скапоценост на мајка ѝ на неговата секретарка Ботка а не на Баручиеви.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак, и покрај ова, како и покрај издадената директорска наредба за моментален и безусловен престанок на бојкотот, и покрај вршените притисоци по сите можни линии –  работниците издржаа и го продолжија прекинот на работа со целосна блокада на железничкиот (патнички и товарен) сообраќај на територија на целата држава –  бидејќи тие, буквално, се наоѓаа во безизлезна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директорот, откако дозна дека е тужен, не беше воопшто засегнат, затоа што и доколку го изгубеше судскиот спор, бидејќи станува збор за државно претпријатие, обесштетувањето немаше да го дава лично тој од сопствен џеб, туку самото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)