Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А јас, да ти ја речам вистината, и самата ја знаев сета таа историја, бидејќи сето тоа лично го имав слушнато со свои уши оној ден, кога дед Павел ги покани сите Белогардејци кај него, на имањето, и приреди богами богата гозба.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
ДАСКАЛОВ
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таквата ситуација, според Маклин била од првостепено значење, бидејќи сето тоа ќе влијаело на идната политичка ориентација на Балканот, “а со тоа ќе дојде и до промена на силите во Европа“.40 По пристигнувањето на првата британска воена мисија (27-28 мај 1943 година), по одлуките на Второто заседание на АВНОЈ и заклучоците на Техеранската конференција настанале крупни промени во односот на големите тројца кон настаните во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)