За смртта тој не се решаваше прв да ѝ каже, од неа злото го крие, бидејки ѝ беше единствена потпора, левен, чедо на мајка си првно.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
За првпат тие видоа воз. Кога се зададе локомотивата одоздола, Митра се прицна до Толета, бидејќи ѝ се стори дека река дотечува и ќе ја однесе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Рок музиката во овој контекст може да се сфати како синтетичка естетска форма на нови искуства, бидејќи ѝ претходи психоделична промена на свеста во која личноста привремено ја напушта конвенционалната свест и патува во себе, низ просторите на несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Времињата се изменија, па и за нас кои сме во Јапонија, традиционалната јапонска уметност е ограничувачка бидејќи ѝ недостасува универзалност; таа нема никакви врски со глобалната современа уметност, туку е наменета и е врамена во една единствена култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бидејќи ѝ достуде, пак се стутка во топлата прегратка на немирката Маја.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Таа слатко се смееше на неговите анегдоти и досетки, а тој уживаше да ја засмејува бидејќи ѝ се насладуваше на бисерната насмевка.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Утредента попладне се упати Томето накај дома, бидејќи ѝ имаше ветено на мајка си дека ќе руча дома со неа и Тинето.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Пресметаната наивност на ова оспорување, којашто животот на уметноста го остава ако не неиспитан, тогаш барем испитан на најповршен начин, без оглед на природата на информацијата што се посредува, автоматски ја оправдува уметноста за која информира, бидејќи ѝ недостасува идеолошка самосвест... okno.mk | Margina #17-18 [1995] 5
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Смеејќи се самиот на себе, можете да им се смеете на другите.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И понатаму ќе го користам, бидејќи ѝ припаѓа на реалноста за која зборувам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ја заклал жена си бидејќи ѝ се посакало и нејзе да биде една од коконите на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Виде дека луѓето не се враќаат, се прекрсти на брзина, извади една пара од џебот, ја жулна со прстите да види колку е голема, ја стави на иконата, а бидејќи ѝ се виде парата поголема, зеде од иконата неколку парички за да ѝ се најдат другпат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)