И таа, како јас некогаш, ги барала страниците со специфичните белези, бидејќи Татко, задлабочен во читањето, заборавал да го истресе пепелот во пепелникот којшто Мајка го оставала пред него и го потсетувала на него.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во саботата на игранката во "истражувачка мисија" ги прати Роска и Душка, бидејќи татко ѝ беше дома.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но бидејќи татко ми многу згреши, реши веќе да не ни се меша нам, на неговите деца, и на сите ни велеше: Тој што го сакате, тој земете го, ако сака и Ѓуптин нека е, само утре да не се жалите кај мене.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
За пречек на Новата година Венче остана сама дома, бидејќи татко ѝ и мајка ѝ отидоа во хотел.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Имав чувство дека сите овие луѓе што ручаа кај масата ни ја одземаат некако, по некаков скриен подмолен начин, а јас сум беспомошна тоа да го спречам, бидејќи татко ми, мојот татко им го беше дозволил тоа, тој им ја отвори вратата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Цел ден сум се радувала бидејќи татко ми ме погалил по главата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)