бидејќи (сврз.) - од (предл.)

Ме вика за да ги средиме сметките бидејќи од млинот му ги префрлиле парите за житото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа го удира со босите петици да оди што побргу, бидејќи од умора или тера инает, одвреме навреме подзастанува; ја крева главата и силно се издишува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но јас ќе згрешев ако Владета го примев како „надри“, бидејќи од сето што го кажуваше и што особено можев да го заклучам подоцна, тој навистина се трудеше да прави споредби и да користи, што би рекле историчарите, повеќе извори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ова е важно“, додаде претседателот, „бидејќи од твојот бранител немаме добиено барање за одлагање на оваа расправа на Дисциплинската комисија, како што се произнесе обвинетиот работник Маленко!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гаро се вдава кога ќе ме види дека тргнувам кон него и бидејќи од десната страна има мал подѕидок, тој од левата ми скокнува на бокот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- За таму нема никаков пат – рече учителката. – Има само ниви. - И бункери – помислив, бидејќи од тука се гледаат бели тркалезни бетонски капаци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По ова се носи решение – кое има конститутивно дејство, бидејќи од тој момент асоцијацијата на работниците или на работодавачите се стекнува со правна и деловна способност (чл. 190-193, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Судечкиот судија-поединец (Ѓ. Христовски), во отсуство на тужената страна, а во присуство на заменикот- полномошник на адвокатот7 (Т.Домазетовски), во септември 2009, конечно пресуди во корист на тужителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Машаланов задоволен од одлуката и од ефективноста при нејзиното спроведувањето, бидејќи од истата ја доби чесно одработената финансиска надокнада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова немаше жалбена постапка, по што судската одлука, во декември 2009, стана правосилна и извршна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)