Сега имам збирка што ја чувам во кутиите од ленти за машината за пишување; иако со време нивните тела се сушат и внатрешното ткиво се распаѓа, нивните форми ја задржуваат, како што, претпоставувам, тоа го правеле и кога биле живи, египетската цврстина, бидејќи заштитните лушпи им се силни, и за да влезе, смртта мора да ги крши коските.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)