Така е и бидејќи машката изведба се коси со едно темелно начело што со векови ја раководело обродената поделба на прикажувачката работа во западната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, Пруст сметал дека единствениот начин геј-мажите да го надминат посакувањето стрејт-мажи и да успеат да се посакуваат меѓусебно, би бил да се прелажуваат, да ги глумат вистинските мажи какви што самите толку катастрофално не успеале да бидат и што е можно подолго да ја одржуваат шарената лага (иако никако нема да им успее да се преправаат многу долго).319
Така било, се разбира, во старите лоши времиња, пред геј-ослободувањето, кога геј-светот сѐ уште бил поларизиран поради поделбата на кралици и трејдови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Американските мјузикли се сосредоточени на жените, од Етел Мерман до Бернадет Питерс и Бети Бакли“.)285 По правило, секоја активност што може да се толкува како предмет на прикажување во нашето општество значи да се зачекори во жариштето на божемниот машки поглед, а со тоа и ризик да се испадне феминизиран.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А ќе беше и двојно поомаловажувачка во контекст на машката геј-љубов: бидејќи машката хомосексуалност во мажественоста гледа суштинска еротска вредност, да се претставиш себеси или да го претставиш партнерот како да се одликува со женствена идентификација, па уште и да ја изложиш таа женствена идентификација на јавен потсмев, би било да се омаловажиш себеси или да го омаловажиш дечкото како сексуален предмет и како средство за остварување сексуална фантазија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Иако машките и женските може, а и мора, да се појавуваат на музичката сцена“, напоменува Милер, „тие не се еднакво добредојдени на неа: исполнителката секогаш ќе има предност зашто за неа се смета дека ја претставува таа сцена, како нејзин знак, нејзинa чинодејка, нејзина суштина и нејзино величие; додека мажот таму го трпат под услов, со инфериорноста или со потиснувањето на сопствените дарби, да помогне да се воздигнат нејзините дарби“.283 Ако маж ја заземе сцената и си ја присвои, тоа ќе значи дека се откажува од своите машки акредитиви, како што бргу им се обелоденило на Фред Астер и на Џин Кели.284 Далеку од тоа дека го консолидира машкиот родов идентитет, чинот на појавување на сцената повлекува одредено количество родова беља за машките изведувачи – беља што, од своја страна, предизвикува низа сложени стратегии за нејзино ограничување и за справување со неа.
Она што важи за бродвејската сцена важи и воопшто за изведбените уметности и за самата изведба. (Иако не треба да ги пренебрегнеме и локалните варијации: Џон Клам нѐ потсетува дека „британските мјузикли историски се сосредоточувале на мажите, од Ajвор Новело и Ноел Кауард до Жан Валжан и Фантомот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Досеткава, да беше насочена кон друг, а не кон себе, или кон некого друг, а не кон саканиот, ќе поминеше како чисто омаловажување поради имплицитното уназадување на маж од благородната положба на машката достоинственост во пониската положба на женската тривијалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„О, никако,“ вели засмеан, „ќе се испокараме кој да носи венчаница“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)