бидејќи (сврз.) - наш (прид.)

Бидејќи нашиот живот постепено, како екстерно така и интерно, ќе стане „живот во множина” - значи живот внатре во различни општествени и културолошки контексти, како и живот којшто низ себе пропушта и во себе поврзува голем број замисли - дизајнот мора да ги има предвид не само расположливите стандарди (локални, национални, општествени) туку ќе мора да создава и мешовити (мултивалентни) творби.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Носеше со себе цело ранче со боички, фломастери и моливчиња, блокчиња и боенки, ама бидејќи нашиот „Стојадин” е еден невиден стар раскоп и додека се возевме се тресеше како да ќе се распадне, цртањето беше невозможно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не беше така, ќе бев раат од Дена, таа би цртала и додека спие, толку многу сака да црта и тоа го прави супер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наблизу до нас направија и монтажно училиште, бидејќи нашето, како и неколку други во градот, се беа урнале до темел.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оној кој го користи хумусниот клозет нема страв од смртта, бидејќи нашето серење овозможува наше повторно раѓање“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А бидејќи нашата оддалеченост од земјата достигнува “критична точка”, желбата што ја буди нацистичкиот мит може да биде елементарна: најпосле да прозборам така за Другиот стварно да ме слушне, најпосле стварно да ги именувам Нештата, најпосле да живеам во стварно Братство.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)