бидејќи (сврз.) - негов (прид.)

За спорот никогаш не се обрати, ниту пак побара помош од правната служба на СОНК. 64 Бидејќи неговите писма и барања упорно беа игнорирани –  Митревски, во текот на месец јануари 2007, конечно покренува судски спор за враќање на работа пред надлежениот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оглед на тоа што не доби повратен писмен одговор, тој се сомнева дека установата и Министерството за култура, како што истакнува, „имаат интервенирано со цел пријавениот случај никогаш да не биде исконтролиран“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа можеше така да постапи бидејќи неговата стварност (неговите желби во однос на неа), не ѝ беа сосема туѓи, иако тоа беше стварност на некој друг; соодветствуваше со нејзината сопствена автентична желба да биде она што е.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од нога му нареди на Евдо, бидејќи негов постапалник, како знае и умее да најде безбоен конец, јадици со црви и стап по своја должина; на Ване, да испразни една торба и да ја наполни со свежи коприви; а на шоферот да наполни испразнети конзерви минерски карбит и рударски фитил; а самиот прв ги навре износените патики и на целата екипа тоа не им го препорача туку им го нареди, макар што секој од нив знаеше дека по снимањето ќе се вратат со партали на стапалата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, бидејќи неговата положба стануваше сè посериозна и сега веќе загрижувачка, господинот Гроздановски почна уште посериозно да се прашува што да прави.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мислам дека слушнав кога рече додека влегуваше во собата, (или само ми се причини дека слушнав), "другарот Ѓурчин", рече Даскалов, "веројатно не ќе ја искористел онаа темна ноќ и осаменоста на жената-девојка за да го стори она што се случило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На ист начин ги следам и размислите што ќе уследат во моментите кога Даскалов ќе се оддалечи, бидејќи неговиот глас останува покрај мене и додека тој шета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Аполинер во тоа време не беше славен, и реченицата ја претскажува славата што тој денес ја ужива, бидејќи неговите песни се сочувани за подоцнежните генерации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ми се чинеше дека повеќе би одговарал орев, бидејќи неговото јадро личи на мозок, разбранет и поткожурен мозок на лудак, неодврзлив јазол што треба да се пресече за да се осло­боди еден свет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така реченицата би можела да гласи: “Any poem read by a tenor is saved”. (Секоја песна прочитана од тенорот е сочувана).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со Хироши тоа е уште понагласено, бидејќи неговиот начин на работа беше спротивен на концептуалната природа на неговата област.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ом, Жар Ко Мраз и постшминкерот Боби кој едвај се провлече низ вратата бидејќи неговиот текст во Маргината што ја носеше под мишка штотуку се престори во.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој е во егзил и дома, бидејќи неговата докторска дисертација за педагогијата и развојот на детето, одбранета на Сорбона, е забранета во неговата сопствена држава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие апсурди на понижениот ум им се заеднички и на едниот и на другиот лик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Петре замина, но бидејќи неговата куќа беше поблизу од поповата, се врати прво кај него и им го честита Велигден на неговите дечиња, преполувајќи ги поскурите и јајцата од торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите букви ги знаеше уште лани, бидејќи неговите врсници заодија уште лани на школо, та тој, кое од дома, од татка му, кое од другарите, научи да чита и смета токму со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лакановата теза е дека Павлов всушност се однесувал како структуралист avant la lettre, бидејќи неговиот експеримент ја потврдува улогата на озна­чителот а не дава, како што Павлов погрешно мислел, некаков доказ за фун­к­ционирањето на кучеш­киот мозок.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Човекот беше мртов, но не и синеастот, бидејќи неговите филмови, реализирани со големо внимание, со посебна страст, но крајно скриена, со помош на техничките вештини, Margina #21 [1995] | okno.mk 17 со емотивност, нема да престанат да кружат, распрснати по целиот свет, натпреварувајќи се со новите продукции, спротивставувајќи му се на забот на времето, проверувајќи ги зборовите на Жан Кокто упатени кон Пруст: „Неговото дело продолжи да живее како часовниците на зглобовите од рацете на мртвите војници”.  Алфред Хичкок е роден на 13 август 1899-та година во Лондон, Англија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Амбициите на Хичкок биле да стане инженер, а бидејќи неговите родители тоа го сфатиле сериозно, го пратиле во специјалното училиште за инженеринг и навигација, каде тој стекнал практични знаења од областа на електрицитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во овој домен на спектаклот, да се прави филм веќе не е игра која се прави во пар (режисерот+неговиот филм), туку тројна игра (режисерот+неговиот филм+публиката), и суспензот, како белите камчиња во „Палче” или прошетката во „Црвенкапа”, станува поетско средство бидејќи неговата цел е што повеќе да нè возбуди, да направи нашето срце да почне посилно да чука.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се запознавме во Дармштад 1958 година.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, сите текстови се оптимистички, со позитивен дух и отвореност кон иднината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ширењето на сопствените учења и идеи за Кејџ никогаш не беше постапна и лесна работа бидејќи неговите концерти и предавања неретко завршуваа со сканда­ли, што денес на оние кои го проучуваат и познаваат им изгледа чудно и беспричина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На повикот од Мишел да излезат оттука, бидејќи неговиот дом не бил “засолниште на бунтовници“, бегалците откажале, свесни дека ќе бидат фатени и мачени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ние почесто го цитираме францускиот генерален конзул, бидејќи неговите извештаи се посодржајни и пообјективни од сите други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И слушав, ама кратко, бидејќи неговата музика воопшто не ми се допа-ѓаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И компјутерот ми стоеше на располагање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)