бидејќи (сврз.) - веќе (прил.)

Иако судската одлука во корист на Б. Н. веќе е правосилна и извршна, до овој момент МВР сѐ уште нема исплатено никакви парични средства на трансакционата сметка на тужителот и, како што стојат работите, сè поверојатно е дека предметот повторно ќе биде принудно спроведен и наплатен преку извршител!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
БН е задоволен од исходите на споровите во кои учествуваше – бидејќи веќе има добиено дел од неисплатените трошоци кои му следуваа како право – што беше и главна цел на тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Компресорот долу навистина татнеше, Вангел ја полнеше кофата, но бидејќи веќе беа отишле до поголема длабочина, Пандил не можеше да влече горе со голема брзина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе не можеме да бидеме субјекти, бидејќи веќе нема објекти, чии што субјекти би можеле да бидеме, и веќе нема цврсто јадро коешто лесно би било субјект за некаков објект.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Човек веќе не се плаши дека ќе биде смачкан, задавен, совладан од стварноста и животот (било такви побуди да се јавуваат кај другите луѓе, или во „внатрешните чувства и емоции), бидејќи веќе е мртов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Отворија оган и војниците, но Толе го преметна ритчето и го фати Кленскиот дол, а Брниклијата фати еден камен за метериз и почна да стрела во аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бимбашијата јавно ја насочи војската кон селцето и Толе го виде обрачот од трите страни, бидејќи веќе убаво се раздени, та дури и сонцето огреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакав да направам структура што ќе се одликува со механичност, бидејќи веќе во првите четири секунди можете да претпоставите што ќе се случува во филмот, после тоа ништо друго не преостанува. (...) ”Причината и последицата” - во смисла на 18 век и вашиот интерес за него, според Дејвид Хјум, кој зборува за тоа во Истражувањето за човечкиот разум - секогаш се испреплетени со целиот тек на вашите визуелни и нара­ тивни заплети, по пат на броеви, јазични игри и цитати од историјата на сликарството.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога поминаа шест недели, бидејќи веќе никој не верувашр дека Иле е меѓу живите, решија в црква да му дадат шест недели без поп.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Реков дека сум ја плеснал, и дека не жалам за тоа; реков дури, бидејќи веќе не се плашев од нив, дека жалам што не сум ја исплескал прописно по газот госпоѓицата Луција П.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Куќите му припаѓаа нему, но беа книжени на подалечната тетка...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Господе мил! колку е саатот! - велите одеднаш, бидејќи веќе не сте во состојба да ги слушате тие чудни говори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мудро и сигурно, бидејќи веќе неколку пати се преслуша самата себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Другите читателки можат и да ја фрлат книгава, бидејќи веќе не се однесува на нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само, овде ќе мора како предлошка да биде некој женски сон, па ќе искористиме еден што го сонувала мојата полусестра.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мораше бидејќи сакаше, бидејќи веќе не можеше да го замисли животот без Томаица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Бидејќи веќе беше препознат, не можеше да продолжи и да седне на масата на една осамена девојка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ден по ден езерото се смалувало надолу, а бидејќи веќе повеќе години водата работела на тлото, поткопувала и ронела, таа го сронила и оној ров при дното од падината спроти гробиштата во Долнец, во кој беа биле натрупани телата на дванаесетмината стрелани од Борко и од неговите луѓе во 1944-та.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Си раскажувавме малку и бидејќи веќе се стемнуваше некој даде предлог да се вратиме во куќата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нормално, бидејќи веќе имаа зафатено место во недоправената зграда на крајот од населбата, вагонот се растоварал во непосредна близина и од таму на раце се носеле пљачките и другите работи на првата плоча во зградата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Бидејќи веќе ги немаме средновековните закони со помош на кои им се суди на самите животни, единствениот начин на којшто законот би можел да го третира Куликовиот прекршок е да се суди на сопственичката - неговата сопруга.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мажите од наш крај, (а тој крај се наоѓа дури под Вичо планин), седеа на трупец исфрлен на брегот од некои поодамнешни води бидејќи веќе беше зарастен в трева.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, кога сфатив каков филм ќе биде тоа, се обидов да се извлечам; но, бидејќи веќе ги добив парите, не можев да се повлечам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
(...) Човекот што јас го предлагам создаден е однадвор, и тој по својата суштина дури е неавтентичен, бидејќи веќе не е оној кој е, и одреден е со обликот кој се раѓа меѓу луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, бидејќи веќе ми здодеа да го заморувам мозокот со нејасни нешта, вднаш се согласив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)