Бидејќи одамна беше веќе развиделено, забележував како по Рајна се влечат бродови и шлепови, кои пропаѓаа длабоко во реката под притисокот на товарот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На поп Петка му одговори на здравоживото ладно, бидејќи одамна се караа по семејни причини, и му го покажа со глава малиот Крчо со неколку зборови: — Еве, го, го доведу, ама гледај да не го нападиш па оти со мене ќе си имаш расправиа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зошто ви требаше да одите и да водите разговори со оние оголени коски, по кои повеќе ни мрави не лазеа бидејќи одамна немаа што од нив да однесат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Стокмив едно парче за јагоди, месечарки. Го ископав залегнатото место со дурија со голема мака, бидејќи одамна немав копано, но за садење беше уште рано. Сега беше уште крај на март.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)