Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа го избира Херцеговецот бидејќи отсекогаш живеела со него, бидејќи тој, односно она што тој го репрезентира, е дел од нејзиното најинтимно животно искуство.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Колку одамна се случувал тој живот кога нејзините боси нозе ја кршеле утринската корупка од прав по патеките во полето; колку денови или години поминале пред она нејзино откритие соопштено со горчина: дека овде под Сина Скала никогаш нема видено ни траг од своите траги, бидејќи отсекогаш ги немало и не биле?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)